Хидроизолации Nilego

Сертифицирани решенија за врвна хидроизолација на секаков тип површини – од рамни кровови и тераси, до базени и подруми. Обезбедете 100% водоотпорност, UV заштита и долготрајна сигурност од влага со материјали од најнова генерација.

ТЕЧНА ГУМА (БЕЛА)

Имате проблем со протекување вода? Решете го трајно! Nilego® Hydrostop (течна гума) е сертифициран премаз кој прави заштитен слој кој е 100% водоотпорен, штити од корозија, има 100% UV заштита и е 100% отпорен на пукнатини! Се нанесува лесно со четка или ваљак и гарантира врвна заштита со години.

ТЕЧНА ГУМА (ТРАНСПАРЕНТНА)

Сакате врвна хидроизолација, но без да го скриете убавиот изглед на плочките, летниковецот, дрвената ограда и слично? Овој невидлив, еластичен и 100% водоотпорен премаз е совршен избор каде естетиката е на прво место.

ANTI-SLIP НЕЛИЗГАЧКА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА

Ставете крај на опасните и лизгави површини! Овој специјален премаз нуди дупла заштита — спречува несакани пролизгувања и падови, а истовремено обезбедува врвна хидроизолација за вашите скали, тераси или површини околу базени.

Nilego® Hydrostop (течна гума)

 

Nilego® Hydrostop (течна гума) е сертифициран, премиум премаз за трајна хидроизолација на рамни покриви, базени, тераси, бањи и темели. Формира 100% водоотпорен и еластичен слој, отпорен на пукнатини, UV зраци и температури од -35°C до 80°C.

Се нанесува едноставно со четка или ваљак врз бетон, дрво, метал и плочки (пред или врз нив).

Најсигурниот начин трајно да ги решите проблемите со влага и протекување!

Опис на производот

Nilego® Hydrostop (течна гума / tecna guma) е специјална заптивна емулзија за ѕидови, рамни кровови, подруми, бањи, темели, базени, фонтани, балкони, и било кои други бетонски површини. Nilego® Hydrostop (течна гума) е многу еластична, трајна, водоотпорна и декоративна во исто време. Може да се употребува внатре и надвор, на стари и нови површини. Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност. Се аплицира врз: малтер, цигли, натур бетон, гипс, стакло, дрво, иверица, метал и др. Може да се аплицира пред лепење на керамички плочки како и врз нив.

Особини: Филмот што го формира Nilego® Hydrostop (течна гума) е комплетно отпорен на надворешни влијанија во подолг временски период. Површините премачкани со течна гума се рамни, без споеви и фуги. Производот може да се пигментира.

  • Nilego® Hydrostop е сертифициран производ како траен премаз за хидроизолација со врвен квалитет и гаранција!
  • Најлесен и најдобар начин да ги решите проблемите со протекување на вода ТРАЈНО!
  • Прави заштитен слој кој е 100% водоотпорен, штити од корозија, има 100% UV заштита и е 100% отпорен на пукнатини!
  • Отпорна на температури од -35º C до 80º C.
  • Површините премачкани со Nilego® Hydrostop се комплетно отпорни на дожд, град, снег, сонце, ветер, влага, воздух, UV зраци и други атмосферски влијанија. 
  • Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност.
  • Лесно се нанесува, со четка или ваљак.
  • Широка примена кај рамни кровови, базени, купатила, тераси, подруми, темели и многу повеќе.
  • Има трајна еластичност.

ПРИМЕНА:

● Хидроизолација на: кровови, подови, балкони, базени, бањи, фонтани и многу повеќе.
● Поправка и реновирање на стари водоотпорни облоги, вклучувајќи ги и битуменски материјали.
● Заштита на хидроизолација на подземни делови од згради, керамички плочки, околу прозорец, оџаци, итн.
● Заштита од влага на метални површини (алуминиум, бакар, поцинковани, итн).

Подлогата на која се нанесува Nilego® Hydrostop (течна гума) мора да биде чиста и сува со максимална влажност од 8% – 12%, доколку бетонската подлога е испукана, пукнатините треба да се пополнат или целата површина да биде глетована (со лепак за надворешни услови). Подготвената површина за третирање со Nilego® Hydrostop (течна гума) (пред употреба да се промеша) најпрвин се премачкува со основа “Nilego® POLIGRUND” за подобра лепливост кој треба целосно да биде исушен (минимум 8 часа).
По сушење на основата со четка или ваљак се нанесува Nilego® Hydrostop (течна гума) – парцијално метар по метар и веднаш на првиот метар додека течната гума е мокра се поставува полиестерско платно за армирање и врз платното се нанесува уште еден слој Nilego® Hydrostop (течна гума) се додека платното целосно не биде покриено. Се остава да се суши минимум 8 часа и потоа се нанесува уште еден слој на Nilego® Hydrostop (течна гума) – завршен слој односно по следниот технолошки ред:

1. Нанесување на хидроизолационен слој основа “Nilego® POLIGRUND”
2. По сушење на основата со четка или ваљак се нанесува Nilego® Hydrostop (течна гума) – парцијално метар по метар и веднаш на првиот метар додека течната гума е мокра се поставува полиестерско платно за армирање и врз платното се нанесува уште еден слој Nilego® Hydrostop (течна гума) се додека платното целосно не биде покриено.
3.Нанесување на последен завршен слој на Nilego® Hydrostop (течна гума).

ВНИМАНИЕ! Завршниот слој се нанесува по сушење на претходно нанесените слоеви на Nilego® Hydrostop (течна гума). Се нанесува при температури над 5°C и не се препорачува да се работи на температури над 35°C и изведба во зимсики услови и голема влажност на воздух. Рок на траење: 1 година во оригинална неотворена амбалажа.Не се препорачува чување подолго време на сончева топлина.Производот не смее да замрзне.

Потрошувачка: 1,2кг./м2 на идеална површина (сува и мазна).

– Слики: www.nilegoproducts.com/projects
– Видео:

A hand painting a wooden fence plank with a blue paintbrush outdoors. Perfect for DIY and renovation themes.

Nilego® Hydrostop Transparent

Nilego® Hydrostop Transparent е сертифициран, проѕирен премиум премаз за трајна хидроизолација на кровови, тераси, бањи, олуци и базени. Формира невидлив, 100% водоотпорен и високо еластичен слој без споеви, отпорен на пукнатини, UV зраци и температури од -35°C до 80°C.

Се нанесува едноставно со четка или ваљак врз бетон, тула, стакло, дрво и метал, задржувајќи го оригиналниот изглед на површината.

Најсигурниот начин за незабележлива и трајна заштита од влага и протекување!

Опис на производот

Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума / tecna guma) е специјална заптивна емулзија за ѕидови, рамни кровови, подруми, бањи, темели, базени, фонтани, балкони, и било кои други бетонски површини. Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума) е многу еластична, трајна, водоотпорна и декоративна во исто време. Може да се употребува внатре и надвор, на стари и нови површини. Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност. Се аплицира врз: малтер, цигли, натур бетон, гипс, стакло, дрво, иверица, метал и др. 

Особини: Филмот што го формира Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума) е комплетно отпорен на надворешни влијанија во подолг временски период. Површините премачкани со течна гума се рамни, без споеви и фуги.

  • Nilego® Hydrostop е сертифициран производ како траен премаз за хидроизолација со врвен квалитет и гаранција!
  • Најлесен и најдобар начин да ги решите проблемите со протекување на вода ТРАЈНО!
  • Прави заштитен слој кој е 100% водоотпорен, штити од корозија, има 100% UV заштита и е 100% отпорен на пукнатини!
  • Отпорна на температури од -35º C до 80º C.
  • Површините премачкани со Nilego® Hydrostop се комплетно отпорни на дожд, град, снег, сонце, ветер, влага, воздух, UV зраци и други атмосферски влијанија. 
  • Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност.
  • Лесно се нанесува, со четка или ваљак.
  • Широка примена кај рамни кровови, базени, купатила, тераси, подруми, темели и многу повеќе.
  • Има трајна еластичност.

ПРИМЕНА
Сертифициран производ како траен премаз за хидроизолација со врвен квалитет и гаранција!
– Се користи за поправка, заштита и хидроизолација.
– Лесно за работа – се премачкува со четка или ваљак.
– Производот има широка примена кај кровови, олуци, производи од дрво, подруми, бањи, тераси и многу повеќе.

Подлогата на која се нанесува Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума) мора да биде чиста и сува со максимална влажност од 8% до 12%. Подготвената површина за третирање со Nilego® Hydrostop Transparent се премачкува со основа “Nilego® POLIGRUND” за подобра лепливост, кој треба целосно да биде исушен (минимум 8 часа). По сушење на основата со четка или ваљак се нанесува Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума). Се нанесува при температури над 5°C и не се препорачува да се работи на температури над 35°C и изведба во зимски услови и голема влажност на воздух. Рок на употреба: 1 година во оригинална неотворена амбалажа. Не се препорачува чување на сончева топлина. Производот не смее да замрзне.

Потрошувачка: 1кг./м2 на идеална површина (сува и мазна).

Nilego® ANTI-SLIP

Nilego® ANTI-SLIP е еколошка, еднокомпонентна финална хидроизолација на водена база која ефикасно спречува пролизгување. Обезбедува врвна заштита од вода и мраз, со висока отпорност на абразија и абење.

Идеално решение за скали, пристапни рампи, тераси, паркинзи и површини околу базени кое штити од падови и повреди. Се нанесува едноставно со четка или ваљак врз бетон, камен, мермер и плочки.

Врвна хидроизолација и сигурност против лизгање во еден производ!

Опис на производот

Nilego® ANTI-SLIP Waterproofing еднокомпонентна финална хидроизолација – одлична абразија и адхезија, спречува пролизгување, опорност на вода и мраз, врвна хидроизолација. Се користи за да се заштитат лизгавите површини од несакани пролизгувања, падови, повреди и како за хидроизолација. Производот е брз и лесен за употреба. Идеален за: скали, комплетни скали, површини околу базени, подземни и надземни паркинзи, тераси, лизгави внатрешни и надворешни површини, пристапни рампи, паркинзи и др.

  • Бетоните треба да бидат стари најмалку 28 дена.
  • Содржината на влага на подлогата мора да биде помала од 10%.
  • Се аплицира врз бетон, камен, малтер, плочки, терацо, мермер и сл.
  • Се аплицира директно врз нов или стар бетон.
  • Површината мора да биде претходно темелно чиста, обеспрашена, обезмастена и сува.
  • Се аплицира на температури од 5°C до 30°C.
  • Време на сушење: на собна температура 3-4 часа.
  • Секој следен слој се аплицира после 5-6 часа при температури од 25°C
  • Прибор за работа: четка или ваљак, во зависност од површината. После работа, истите се мијат со вода.
  • Разредување: Не се разредува со никаков тип на разредувачи ниту пак со вода.
  • Пред употреба да се проматува со миксер со мал број на вртежи.
  • Ускладиштување: на собна температура, подалеку од извори на топлина како и сончева енергија.
  • Потрошувачка: 1,2-1,5кг./м2 во зависност од рапавоста на површината
  • Боја: сива
  • Производот е еколошки, не е токсичен, не содржи запаливи компоненти. Истиот е на водена база.

ПАКУВАЊЕ:
Nilego® ANTI-SLIP Waterproofing: 1кг. 5кг. 10кг. и 20кг.

Hear From Our Happy Clients

Have Questions? Reach Out To Us

Address

Washington State Convention 705 Pike Street, Seattle.

E-Mail

Contact@templately.com
Contact@wpdeveloper.com

Phone

+88177888 xxxxxxxx
+88177888 xxxxxxxx
Scroll to Top