ВАШИ ПОТРЕБИ.
НАША ЦЕЛ.

Трговија на големо и мало

Повеќе од деценија искуство во трговијата на големо и мало, нудејќи широк асортиман на производи со врвен квалитет.

Брза и сигурна достава

Ефикасна логистичка мрежа која гарантира навремена испорака директно до маркетите и деловните партнери низ земјата.

 

Доверлив партнер

Долгогодишно искуство од 2015 година, сопствен бренд Nilego® и посветеност на врвен квалитет и сигурност.

Основана во 2015 година, компанијата Nilego Group ја започна својата приказна со увоз, продажба и монтажа на соларни системи за топла вода и придружни материјали. Со континуиран развој и следење на пазарните потреби, денес компанијата се занимава со увоз, извоз и трговија на големо и мало, нудејќи широк асортиман на производи како што се материјали за хидроизолација, штрафовска роба и оков, електроматеријали, водоводна опрема и фитинг, средства за хигиена и опрема, како и други производи достапни на нашата веб-страница. Покрај малопродажбата, Nilego Group е лидер во продажбата на големо, каде што со сопствена дистрибуција овозможува сигурна и навремена испорака директно до маркетите и деловните партнери низ целата земја. Компанијата Nilego Group има сопствен бренд Nilego®, кој нуди висококвалитетни и иновативни производи од различни области, со фокус на практичност, сигурност и долготрајна употреба.

Kомпанијата Nilego Group има свој бренд – Nilego®, развиен како резултат на долгогодишно искуство и познавање на пазарните потреби. Брендот опфаќа прецизно дизајнирани и функционални производи од повеќе области со фокус на квалитет, практичност, сигурност и долготрајна употреба. Производите на Nilego® претставуваат спој на иновативна технологија и докажана сигурност, обезбедувајќи долготрајни и практични решенија за широк спектар професионални и домашни примени.

Nilego® POST е специјализирана подружница на Nilego Group, формирана со единствена цел – обезбедување брза и сигурна карго достава на пратки низ цела Македонија. Нудиме професионална услуга приспособена на вашите потреби, гарантирајќи дека секоја пратка ќе стигне безбедно и навреме благодарение на нашиот искусен тим и напредна технологија за следење.

Телефони за контакт

+389 78 267/878 | +389 78 268/158

Email

nilego_group@yahoo.com

Адреса

Ул.1, бр.219 нас.Долно Којнаре, 1300 Куманово, Македонија

Scroll to Top