Карактеристики на соларен колектор – отворен систем (без притисок)
 
Соларен колектор – отворен систем претставува склоп на систем од резевроар – бојлер без притисок со интегрирани одреден број на вакумски цевки кои се поставени испод бојлерот, кој се монтира на кровна конструкција. Полнењето на ладна вода во бојлерот се регулира со помош на соларен контролер кој преку сонда добива информации за температура на вода, како и ниво на вода, а преку електромагнетен вентил се врши полнење на бојлерот.

Кога бојлерот ќе биде наполнет со вода, водата во стаклените вакумски цевки по загревање по природен пат се искачува во бојлерот, а пак поладната вода од бојлерот се симнува во стаклените вакумски цевки за понатамошно загревање со помош на сончева светлина, а доколку има недостаток од сончева светлина системот има вграден електричен грејач за догревање на водата. Топлата вода од резервоарот – бојлерот до крајниот потрошувач (чешма) паѓа по природен пат без притисок.

Технички карактеристики:

  • Вакумска цевка: висок квалитет на боросиликатно стакло   3.3,  Φ58 × 1800

  • Внатрешен резервоар: SUS304-2B нерѓосувачки челик

  • Надворешен резервоар: SUS201 нерѓосувачки челик

  • Изолациски слој: полиуретанска пена 55mm

  • Држач: емајлиран челик со дебелина 1,5mm х 10cm

  • Големина на бојлери: 120L – 360L