Со повеќе од 250 сончеви денови годишно нашето поднебје е одлично за искористување на соларната енергија за добивање на електрична енергија во секој дом. И покрај честата заблуда дека соларните колектори не функционираат за време на облачни и магливи денови, праксата покажала дека тие работат со иста ефикасност како и во сончевите денови. Можеби она што највеќе ве интересира е колку би заштедиле на долг рок преку инвестирање во овој тип на енергија?
 
Соларните системи бараат еднократна поголема инвестиција, меѓутоа истите нудат долгорочна заштеда за едно домаќинство. Со користење на овие системи, едно просечно домаќинство заштедува околу 10.000 денари на годишно ниво. Ако на оваа пресметка се додаде и фактот дека просечниот животен век на соларните системи е 25 години, вкупната заштеда на долг рок би била 250.000 денари. Заштедата ќе биде уште поголема, ако ја користите соларната енергија и во системите за греење.
 
1 - Колку се заштедува со користење соларна енергија во вашиот дом?
   
Колектор со вакумски цевки
 
Вакумските цевки (Evacuated Vacuum Tubes – EVT) – колекторот е составен од голем број на вакумски стаклени цевки, кои се поврзани во колектор, преку кој водата минува низ секоја цевка и водата се затоплува како што патува преку колекторот.

Бројот на стаклени цевки кои се користат варира во зависност од големината на системот. Општо земено, за домашна примена од  една цевка треба да се загрее околу 10 литри капацитет на вода во резервоарот.

Евакуиранате цевка е направена од две концентрични стаклени цевки. Помеѓу цевките постои вакум кој ја изолира внатрешната цевка со што се намалува загубата на топлина.

Внатрешната стаклена цевка е обложена со индустриски апсорбирачка глазура која го претвора УВ зрачењето во топлинска енергија и ја задржува енергијата. Кружните облици на цевките овозможуваат во секој момент на поставеноста на сонцето да апсорбираат максимум сончева енергија, бидејќи сонцето во секој момент ќе биде поставен под 90 степени во однос на цевката.

За колекторите со вакумски цевки, дебелината на надворешната стаклена цевка треба да биде минимално 2,0 мм. Оваа спецификација е да се обезбеди колекторот да не се оштети во екстремни услови на град. Системите со вакумски цевки во Македонија најчесто се дел од термосифонски системи, но можно е да се користат и како дел од пумпни системи.

 2 - Колку се заштедува со користење соларна енергија во вашиот дом?
 
Целосно решение
 
Доколку сакате да дознаете колку би ве чинело целосно решение за поставување на соларна енергија во вашиот дом или пак за одреден проект или бизнис објект, контактирајте не – тука.
 
5 - Колку се заштедува со користење соларна енергија во вашиот дом?
 

Соларната енергија не само што е одржлива, туку е и обновлива што значи дека никогаш нема да исчезне. Сончевите колектори се одлични за искористување на оваа енергија не само за заштеда во вашето домаќинство туку и за постигнување на енергетска независност и намалување на општата загаденост во вашата средина. 

За останати информации околу климатизација и соларни системи на македонскиот пазар, контактирајте не тука.