Дали некогаш сте се запрашале колкава површина е потребна за да се постават сончеви централи кој што ќе произведуваат електрична енергија потребна за да се задоволат сите светски потреби за енергија?

Глобално производство на сончева енергијаВо текот на 2009 година вкупната светска потрошувачка на електрична енергија достигна цифра од 20.279.640 GWh. Ова е навистина огромна потрошувачка, но сонцето секој час произведува огромни количества на енергија. Најголемиот проблем е да ја „зграпчиме“ оваа енергија и да ја трансформираме во електрична енергија. Сега доаѓаме до прашањето кое што го поставивме на почетокот на овој текст:

„ Дали некогаш сте се запрашале колкава површина е потребна за да се постават сончеви централи кој што ќе произведуваат електрична енергија потребна за да се задоволат сите светски потреби за енергија?“

Koliko solarne energije je potrebno svetu 02 - Глобално производство на сончева енергија

© Nadine May via iflscience.com

Одговорот е едноставен и можеби неочекуван од страна на нашите читатели, но не се бара толку голема површина колку на прв момент делува.

На сликата прикажани следни податоци, од десно кон лево?

Најмалиот квадрат е површина потреба за да се намират германските потреби за електрична енергија, средниот квадрат се однесува на Европа, а најголемиот за целиот свет.

Овие податоци имаат информативна цел и покажуваат дека идејата за користење на сончевата енергија не е утопија и дека со инвестиции и здружување, целиот свет може да се ослободи од зависноста од фосилните горива.