Nilego Hydrostop
(течна гума)
Nilego Hydrostop (течна гума) е специјална заптивна емулзија за ѕидови, рамни кровови, подруми, бањи, темели, базени, фонтани, балкони, и било кои други бетонски површини. Nilego Hydrostop (течна гума) е многу еластична, трајна, водоотпорна и декоративна во исто време. Може да се употребува внатре и надвор, на стари и нови површини. Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност. Се аплицира врз: малтер, цигли, натур бетон, гипс, стакло, дрво, иверица, метал и др. Може да се аплицира пред лепење на керамички плочки како и врз нив.
Особини: Филмот што го формира Nilego Hydrostop (течна гума) е комплетно отпорен на надворешни влијанија во подолг временски период. Површините премачкани со течна гума се рамни, без споеви и фуги. Производот може да се пигментира.
- отпорност на атмосферски влијанија;
- водоотпорност и водонепропустливост;
- отпорна на температура од -35 до 80º C;
- отпорност на пукнатини;
- трајна еластичност.
ПРИМЕНА:
Хидроизолација на: кровови, подови, балкони, базени, бањи, фонтани и многу повеќе.
Поправка и реновирање на стари водоотпорни облоги, вклучувајќи ги и битуменски материјали.
Заштита на хидроизолација на подземни делови од згради, керамички плочки, околу прозорец, оџаци, итн.
Заштита од влага на метални површини (алуминиум, бакар, поцинковани, итн).
Начин на работа:
Подлогата на која се нанесува Nilego Hydrostop (течна гума) мора да биде чиста и сува со максимала влажност од 8%, доколку бетонската подлога е испукана, пукнатините се пополнуваат со бетон и сл. а потоа се премачкува со основа “Nilego POLIGRUND”.По сушење на основата до 8 часа во летни услови и помалку, со четка или ваљак се нанесува Nilego Hydrostop (течна гума) (која е потребно пред употреба добро да се промеша) и веднаш додека не е исушено се става полиестерско платно и истото веднаш се покрива со уште еден слој на Nilego Hydrostop (течна гума) и се остава да се суши до 8 часа и потоа се нанесува уште еден слој на Nilego Hydrostop (течна гума), односно по следниот технолошки ред:
1.Нанесување на хидроизолационен слој “Nilego POLIGRUND”
2.Нанесување прв слој Nilego Hydrostop (течна гума) и врз него додека уште не е исушен се поставува полиестерско платно и се притиска да се залепи и врз платното се додава уште течна гума да се покрие платното.
3.Нанесување на последен завршен слој на Nilego Hydrostop (течна гума).
ВНИМАНИЕ! Завршниот слој се нанесува по сушење на претходно нанесените слоеви на течна гума.
Се нанесува при температури над 5°C и не се препорачува да се работи на температури над 35°C. Рок на траење: 1 година во оригинална неотворена амбалажа.Не се препорачува чување подолго време на сончева топлина.Производот не смее да замрзне.
ПОТРОШУВАЧКА: Во зависност од намената и рапавоста на површината, потрошувачката се движи: од 1кг. до 1,2кг./м2 (при рамни површини) и 1,5кг. до 2кг./м2 (при нерамни површини)
Продажни места: МЕГА Куманово, МЕГА Скопје, РЕПЛЕК МАРКЕТ ХУБО Скопје, РОЈАЛ ИНВЕСТ Скопје.