Затворен систем – сплит систем е составен од соларен колектор, бојлер, контролер, соларна работна станица и делови за инсталација. Колекторот се поставува на кровна конструкција, а бојлерот во внатрешноста на објектот кој преку изменувач со колекторот е поврзан со INOX или бакарна цевка.
Колекторот го поставуваме на позиција од каде најголемиот дел од денот ќе може да апсорбира сончева светлина.
Соларниот бојлер може да биде со различна големина во зависност од потрошувачката на вода во различни животни средини. Бојлерите во овој систем се со два изменувачи (змии), кои се погодни покрај приклучувањето на соларен колектор, да може да се поврзе со домашното централно греење.
Срцето на секој соларен сет од затворен тип е соларната пумпа која го врти антифриз во системот од соларниот колектор до бојлерот и назад.
Контролор во соларниот систем е автоматиката за контролирање која ја командува пумпата кога да се вклучува, а кога да престане со работа. За да може да дава вакви информации автоматиката има сонди со кои ги прибира информациите за топлината од колекторот и топлината од бојлерот.
Заради регулација на притисокот во системот секој соларен систем мора да има експанзионен сад, кој може да биде со различна големина, во зависност од големината на бојлерот и бројот на поставени колектори.