Карактеристики на соларен колектор – отворен систем (без притисок) – со бакарен изменувач (под притисок)
Соларен колектор – отворен систем со бакарен изменувач претставува склоп на систем од резевроар – бојлер без притисок со интегрирани 30 или 36 вакумски цевки кои се поставени испод бојлерот, кој се монтира на кровна конструкција. Полнењето на ладна вода во бојлерот се регулира со помош на соларен контролер кој преку сонда добива информации за температура на вода, како и ниво на вода, а преку електромагнетен вентил се врши полнење на бојлерот.
Кога бојлерот ќе биде наполнет со вода, водата во стаклените вакумски цевки по загревање по природен пат се искачува во бојлерот, а пак поладната вода од бојлерот се симнува во стаклените вакумски цевки за понатамошно загревање со помош на сончева светлина, а доколку има недостаток од сончева светлина системот има вграден електричен грејач за догревање на водата. Топлата вода од резервоарот – бојлерот до крајниот потрошувач (чешма) паѓа по природен пат без притисок.

Во самиот бојлер кој е со капацитет од 300 или 360л има вградено бакарен изменувач со должина од 45-60m, кој може да се користи за загревање на проточна вода, односно водата под притисок поминувајќи низ бакарен изменувач се загрева одземајќи ја температурата на водата во бојлерот. Освен за санитарна вода отворениот систем со бакарен изменувач може да се приклучи на парно греење односно водата во системот за парно греење поминувајќи низ бакарниот изменувач затоплена се враќа во радијатори.

Технички карактеристики:

  • Вакумска цевка: висок квалитет на боросиликатно стакло 3.3,  Φ58 × 1800
  • Внатрешен резервоар: SUS304-2B нерѓосувачки челик
  • Надворешен резервоар: SUS201 нерѓосувачки челик
  • Изолациски слој: полиуретанска пена 55mm
  • Држач: емајлиран челик со дебелина 1,5mm х 10cm
  • Бакарна спирала: 45-60m
  • Големина на бојлери: 300L – 360L