Замислете кога секоја зграда во светот би имала прозорци кои произведуваат електрична енергија користејќи го сонцето. Ваквата технологија постои, веќе е тестирана и спремна за производство. Само во Менхетен има 47,000 згради со преку 10,700,000 прозорци, според проценката на The New York Times во 2013 година.

Најголемиот предизвик на истражувачите е да ги направат соларните прозорци транспарентни. Ричард Лант, професор по хемиско инжинерство и материјали на  универзитетот во Мишиген,  и неговиот тим развија нов тип на транспарентни луминсцентни соларни концентратори  (transparent luminescent solar concentrator TLSC) кои кога ќе се постават над прозорец создаваат соларна енергија. Технологијата со која располага универзитетот во Мичиген може да се користи не само за прозорци, туку и за мобилни телефони и други уреди кои имаат чиста и необоена површина. Уште една цел на Лант и неговиот тим е да ги направат луминисцентните активни слоеви транспарентни.

Solar Window 32 300x209 - Прозорци кои произведуваат соларна енергија - транспаретни соларни панели

Нивниот најголем проблем во моментот е дека технологијата е само 1% ефикасна. Типичен соларен панел е околу 15% ефикасен, што значи дека 15% од вкупната сончева енергија што доаѓа до површината се претвора во електрична енергија.

Две компании се веќе спремни за да започнат со производство на соларни прозорци. Нивната цена би била 40% поголема од цената на обичните прозорци, но производителите тврдат дека овој дополнителен трошок ќе биде повеќекратно вратен преку намалените трошоци за електрична енергија.  Една од овие компании е Solaria, која моментално произведува соларни панели за покриви. Тие ќе користат фотоволтаични келии кои ќе бидат поставени помеѓу слоевите во стаклото и нема да можат да се забележат со човечко око. Како што келиите ја апсорбираат светлината што доаѓа до прозорецот, ја намалуваат топлината од сончевата светлина, а со тоа се намалуваат и трошоците за климатизација. Solaria ја насочува  својата технологија кон производство на прозорци кои ќе бидат инсталирани во нови згради. Тие сметаат дека нивните прозорци имаат ефикасност од 8%.

SolarWindow 300x203 - Прозорци кои произведуваат соларна енергија - транспаретни соларни панели

Втората компанија е Solar Window Technologies. Тие користат поинаков тип на транспарентни фотоволтаични келии кои се погодни за кови градби, за замена на прозорци и осовременување на постојаните. Нивните органски  фотоволтаични келии може да се разликуваат по боја и степен на транспарентност, во зависност од потребите на клиентите.

Откако соларните прозорци ќе ја генерираат светлината од сонцето, како таа енергија се поврзува со зградата? Секоја компанија користи различни приоди. Пример Solaria, ги вградува своите инсталации во рамката на прозорецот. Од таму таа е поврзана со соодветна електрична линија која ја спроведува енергијата до централното напојување, кое подоцна ја претвора  еднонасочната во наизменична струја со која ја снабдува електричната табла на зградата.

Многу згради не се добри кандидати за да имаат соларни панели. Облакодерите и високите згради  не можат да учествуваат во оваа револуција која соларните панели им ја носат на нивните сопственици. Соларните прозорци можат да ја променат оваа динамика преку обезбедување на придобивки од електрична енергија добиена од  прозорците на вискокатниците и облакодерите.

Solaria проценува дека  прозорците на еден  облакодер кој е свртен на јужна страна, можат да генерираат една третина од потребната за електрична енергија на годишно ниво. Доколку ова се применува во згради низ целиот свет, ке имаме нов извор на чиста, обновлива енергија.

Извор